Мониторинг на медиуми
Бидете информирани. Бидете чекор понапред. Веднаш дознајте што медиумите зборуваат за Вас!
Во реално време дознавајте што медиумите зборуваат за Вас и за Вашиот бизнис. Со нашиот сеопфатниот мултиканален мониторинг на медиумите, нема да пропуштите ниту една вест од традиционалните или дигиталните медиуми во Северна Македонија.
SETTE Clipping – Сите Ваши медиумски спомнувања на едно место
Ние ги собираме, обработуваме и доставуваме информациите што се важни за Вас – од сите медиуми, во реално време.
Мултиканален мониторинг
Печатени медиуми
Следете ја застапеноста во националните и регионалните печатени медиуми: весници, стручни списанија и магазини. Секоја медиумска објава содржи целосен транскрипт и висококвалитетен скен за целосна прегледност на информацијата.
Online
Добивајте дневни информации од над 200 онлајн извори во Северна Македонија. Бидете во тек со сè што се објавува за Вашата компанија, бренд, конкуренцијата и трендовите во индустријата – сето тоа во еден јасен и концизен извештај.
Електронски медиуми (ТВ & Радио)
Следете како вашиот бренд е претставен на сите главни телевизиски и радио станици. Со скоро две децении лидерство во мониторингот на електронските медиуми, СЕТТЕ доставува прецизни транскрипти и видео/аудио материјали, речиси во реално време.
Социјални медиуми
Бидете први што ќе дознаат што е актуелно. Следете јавни разговори на платформите како Facebook и X (поранешен Twitter), вклучете се во релевантни дискусии и управувајте со перцепцијата на вашиот бренд низ дигиталниот свет.

Целосен увид. Каде и да сте, кога и да Ви затреба
Без разлика дали сте во вашата канцеларија или во движење, СЕТТЕ ви овозможува моментален пристап до клучни медиумски информации од кој било уред. Нашата платформа е едноставна за користење, овозможува пребарување, филтрирање и дејствување – брзо и безбедно.