ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
1. Вовед
На SETTE.com.mk, приватноста и безбедноста на личните податоци се наш приоритет. Вашите податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), како и други важечки прописи.
2. Контролор на личните податоци
СЕТТЕ ДОО Битола
Епинал бр. 14, 7000 Битола, Северна Македонија
contact@sette.com.mk
3. Контакт за заштита на лични податоци (DPO)
За сите прашања поврзани со заштита на лични податоци можете да се обратите на:
privacy@sette.com.mk
или писмено на адресата на компанијата со назнака „За заштита на лични податоци“.
4. Категории на лични податоци кои ги обработуваме
а) Преку контакт форма: Име, Презиме, Работна е-пошта, Телефон, Компанија
б) За корисници со претплата: Корисничко име (е-пошта), Лозинка (енкриптирана во базата)
в) Технички податоци: IP адреса, уред, прелистувач, информации за сесија
5. Цели на обработка
Одговарање на прашања преку контакт форма, управување со кориснички сметки, пристап до услуги, испраќање известувања, подобрување на услугите, исполнување законски обврски.
6. Правна основа за обработка
Ваша согласност, извршување на договор, законска обврска или легитимен интерес на СЕТТЕ ДОО Битола
7. Пренос и откривање на податоци
Вашите податоци може да бидат откриени само на вработени и соработници со обврска за доверливост, технички партнери или државни органи според закон. Сите трети страни со кои соработуваме се обврзани со договори за заштита и доверливост на податоците.
8. Меѓународен трансфер на податоци
СЕТТЕ користи услуги од добавувачи како Amazon Web Services (AWS) и Google Cloud. Во случаи кога податоците се обработуваат или хостираат надвор од Европската Унија, СЕТТЕ ДОО Битола обезбедува усогласеност со член 46 од GDPR преку примена на Стандардни договорни клаузули (Standard Contractual Clauses – SCCs) одобрени од Европската комисија.
9. Безбедност на личните податоци
SSL енкрипција, ограничен пристап, редовно следење и заштита од неовластен пристап, губење или злоупотреба.
10. Рок на чување на податоци
Податоците се чуваат додека трае деловниот однос или согласноста, во согласност со законските рокови, или до ваше барање за бришење, освен ако постои законска обврска за нивно подолго чување.
11. Автоматизирана обработка и профилирање
СЕТТЕ може да користи автоматизирани системи за анализа и категоризација на медиумски содржини и реклами, исклучиво за аналитички цели. Овие системи не носат автоматизирани одлуки кои имаат правни последици врз индивидуални лица.
12. Ваши права и остварување на права
Имате право да побарате пристап, исправка, бришење („право на заборав“), ограничување, повлекување согласност, приговор или жалба до АЗЛП (www.dzlp.mk). Контролорот ќе одговори во рок од 30 дена, со можност за продолжување до 60 дена за сложени барања.
13. Колачиња (Cookies)
Се користат за подобрување на искуството и анализа на сообраќајот. Веб-страницата има банер за согласност со колачиња каде можете да прифатите или одбиете различни категории. Повеќе детали во Политиката за колачиња.
14. Промени и ажурирања
СЕТТЕ ДОО Битола го задржува правото на измени со јасен датум и верзија на последна измена.
Верзија 1.1 / Последна измена: 10.11.2025


